Грција, Србија, Бугарија и Романија ќе бараат организација на Евро 2028 и Светскиот куп 2030 година – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/18 11:55 AM

Грција, Србија, Бугарија и Романија ќе бараат организација на Евро 2028 и Светскиот куп 2030 година

Фото: Архива

Направивме добар тим, знаеме да се комбинираме, сакаме да дадеме простор на играта, на фудбалот и преку многу добра соработка особено во инфраструктурата и енергетскиот сектор и развојот на новиот геополитички динамика на регионот, многу наскоро можеме тоа да го постигнеме. Ова го изјави премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на прес-конференција на лидерите по средбата на премиерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија.

Тој истакна дека исто така се дискутирало за заедничката кандидатура на четирите земји за домаќини на Европскиот куп или Светското првенство.

„Разговаравме за заедничката кандидатура на нашите четири држави да бидеме домаќини на Европскиот Куп во 2028 и на Светското првенство 2030 година, преку истакнување на Балканот како позитивен пример во Европа”, рече грчкиот премиер.