Снежна топка, магијата на зимската идила во малото ремек дело – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/18 1:44 PM

Снежна топка, магијата на зимската идила во малото ремек дело

Протресете ја, превртете ја и магијата почнува со нежните снегулки кои полека покриваат еден сосема посебен свет во внатрешноста. Времето како да застанало, снежна топка во која како засекогаш да завладеал мирот, топлината и нежноста. Ова се првите асоцијации кога ќе се спомне ова мало ремек дело. Но дали некогаш сте се запрашале што има во нив и кој ги измислил ?


Механичарот од Австрија Erwin Perzy 1 сосема случајно ја измислил топката далечната 1900 година. Имено предходно била измислена  електричната сијалица која во тој период имала далеку помала јачина од денешните сијалици. За да ја зголеми светлоста, Erwin дошол на идеа пред сијалицата да стави кугла со вода меѓутоа овој трик бил неуспешен.

Случајно во куглата истурил гриз кој полека се спуштал на дното и го потсетувало на снегулките кои паѓаат на земја. Поставил мала макета на црква во средината на куглата и на тој начин го создал ова снежно ремек дело.

После Втората светка војна работата ја наследил неговиот син кој во топката почнал да додава нови елементи, Дедо Мраз, божиќно дрво, елен. Денеска семејниот бизнис го води неговиот внук Ervin Perzy III кој топките ги полни со природна вода од Алпите и вешто ја крие тајната од кој материјал е создаден  снегот кој нежно и споро паѓа на дното.


Другата верзија е дека ова снежно дело е создадено во една фабрика за стакло во Париз далечната 1887 година. Во топката имало мало човече со чадор и бел прав и кога се протресувала изгледало како да паѓа снег.

Денеска низ целиот свет индустријата изработува снежни топки со разно разни елемети во нив меѓутоа оригиналните единствено можете да ги најдете Божиќниот маркет во Виена.