Најмалку 13 рудари загинаа во експлозија на метан во рудник за камен јаглен во Чешка. Станува збор за рудникот „Север“ во Стонава на истотот од оваа земја. Потврдено е дека сите жртви се Пољаци.
Деталите кои ги соопшт и полицијата е дека метанот во државниот рудник експлодирал на 880 метри под земја, а работите во истиот веднаш се запрени. Експлозијата се случила во попладневната смена на рудникот, кога во јамата биле 23 ца од кои 13 загинаа а десетина се повредени од кои тројца потешко.
Полска во Карвина испрати две спасувачки екипи да им помогнат на чешките спасители во текот на ноќта додека трагаа по исчезнатите, а денеска ќе дојде во рудникот и полскиот премиер Матеуш Моравјецки и чешкиот премиер Андреј Бабиш.
Рудникот за камен јаглен во крајот Кравина е еден од двата во таа област на државното претпријатие ОКД кое смета оваа година да произведе 5 милиони тони камен јаглен. Во оваа област на источна Чешка, на границата со Полска, многубројно е полското национално малцинство, а во рудниците, челичарниците и фабриките работат многу полски гастрбајтери.


