Потрфли есенската сеидба на житните култури во Струмичко. Според податоци од Подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сеидбата е реализирана со околу 80 проценти од планираните површини.
Помалку од планираните површини засеале и индивидуалните земјоделски производители и земјоделските компании.
Од вкупно планираните 4.030 хектари со пченица, јачмен, рж и други култури се засеани 3.224 хектари.
Биле планирани и површини под индустриски и фуражни култури, но тие воопшто не се засеани.
Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица, Васил Коцев, есенската сеидба потфрлила поради долготрајната суша во периодот кога требаше таа да се одвива што може да се одрази и на приносите на засеаните култури за кои немало доволно влага во почвата.
МИА