Французинот постојано е поврзуван со преземање на некој од европските гиганти, но тој е одлучен дека нема да се врати на тренерската работа до летото 2019 година. Често беше споменуван за наследник на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, а откако Португалецот вчера заработи отказ, тој е првиот фаворит на англиските обложувалници да седне на клупата на „Олд Трафорд“ во јуни 2019 година.
Оле Гунар Солскјаер е само привремено решение до крајот на сезоната, а на лето челниците на Манчестер јунајтед ќе назначат нов тренер. Шпанскиот весник „АС“, пишува дека најголема желба на Зидан во кариерата е да биде тренер на Јувентус и селектор на Франција. Сепак, прво сака да се испроба како тренер во најсилната и најконкурентната лига во светотот, Премиерлигата.
Тоа е следната негова желба во тренерската кариера, а дали ќе добие шанса да го води Манчестер јунајтед, останува да видиме идното лето.