Европската Унија постигна договор за забрана на употреба на пластика за еднократна употреба, како што се пластичните чинии или цевчиња.
Австриската министерка за одржливост и туризам Елизабет Кестингер напишала на Твитер за постигнатиот договор, истакнувајќи дека станува збор за ,,пресврт во напорите да се намали пластичниот отпад”
Рамковниот договор треба службено да го потврдат и земјите членки на Е.У и Парламентот на ЕУ, а како се очекува,ќе стапи на сила за две години, пренесува хрватскиот портал Indeks.
Европската комисија , во мај предложи забрана на низа пластични производи за еднократна употреба за кои постојат алтернативи кои што не се од пластика, вклучувајќи ги еднократните пластични прибори за храна.