Девојка од Ел Салвадор која што беше обвинета, дека се обидела да го убие своето бебе во понеделникот беше ослободена од сите обвиненија што беа покренати против нејзе.
Имелда Кортез била силувана од нејзиниот очув, по што забременила и се обидела да го абортира бебето. Таа го родила своето дете во април минатата година и брзо потоа била уапсена под обвинение дека се обидела да го убие.
Кортез се соочуваше со 20 години затвор бидејќи абортусот е забранет во Ел Салвадор. Обвинителството побара обвиненијата против неа да бидат променети во обид за напуштање и беспомошност, кои подлежат на казна затвор од една до три години.
Одбраната се согласи на таквата помала казна, но судијата одлучи целосно да ја ослободи Кортез од сите обвиненија.