Собранието по скратена постапка ги носи законите за банки и УЈП – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 1:32 PM

Собранието по скратена постапка ги носи законите за банки и УЈП

По скратена постапка владата предложи да се донесат неколку законски решенија, меѓу кои и измени на Законот за банки и на Законот за Управата за јавни приходи, на што реагираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски побара да се тргнат од дневен ред овие две точки и тие да се донесат во нормална процедура со јавна дискусија, посочувајќи дека тие значат кршење на основни човекови права согласно чл.18 од Уставот на РМ.

Предлогот не беше прифатен, а не беше прифатено и барањето за симнување од дневен ред на шест точки од дневниот ред што побара Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, кој и забележа на Владата на доставените закони да се донесат по скратена постапка.

Седницата почна со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријат во второ читање.