Ритуали за првото утринското кафе – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 8:59 AM

Ритуали за првото утринското кафе

Нема поубав ритуал од подготвувањето на првото утринско кафе. Чувството кога целата соба се исполнува со  мирисот на тазе сварено кафе е незаменлив.

Но, за да добиете совршен филџан кафе, потребно е да следите 4 совети на директорот на компанијата „Blue Bottle Coffee“, Мајк Филипс.

1. Прво правило е да не го оставате кафето да стои многу долго сварено во ѓезвето или електричниот кафемат.

2. Откако ќе го сипете кафето во филџан, оставете го да отстои барем 1 минута.

3. Ако кафето е премногу топло, нема да бидете во состојба да ги вкусите сите негови ароми и вкусови, а со тоа нема да уживате целосно.

4. На крај, важно е да се опуштите и да се исклучите од сè друго додека го пиете кафето. Затворете ги очите, ослободете ги мислите и уживајте во совршениот филџан кафе,