Обвинителката Ивана Трајчева рече дека вештачење се прави по наредба на суд или обвинителството, а ова вештачење што обвинетиот го доставил до судот не е направено на тој начин и не може да се изведе како доказ.
Психичкото растројство кое го имал обвинетиот, според документацијата било од 2001 година.
Обвинетиот Трајковски беше еден од 32 цата обвинети кои имаа најдолга одбрана пред судот. Неговата одбрана за 27 април траеше четири часа. Овој обвинет три часа зборуваше за други случки и настани, за на крајот да стаса и до 27 април за што му беше потребен еден час да го објасни целиот ден.
Судот ќе треба да се произнесе околу дополнителните докази на обвинетите.


