Возач и пешак тешко повредени во сообраќајки викендов во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 7:53 AM

Возач и пешак тешко повредени во сообраќајки викендов во Скопје

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправилно престројување, 35 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, девет возачи за неносење појас и 15 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 68 возачи, од кои 23 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 36 пред да се стекнат со право на управување и девет почетници, како и 20 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 172 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 111 возила.