Глас за Македонија обвиниува дека е попречена во организирање на протест – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 8:07 PM

Глас за Македонија обвиниува дека е попречена во организирање на протест

Партијата на Солза Грчева, Глас за Македонија, во соопштение реагира на како што стои, уредно пријавен протест на движењето Бојкотирам во Скопје.

-Во стилот на црна диктатура, во саботата на 15 декември, беше забранет уредно пријавен протест на движењето #Бојкотирам уставни промени, чија активна членка е партијата Глас за Македонија. Со тоа е згазено нашето уставно гарантирано право на мирен протест.

Ние нема да дозволиме да бидеме замолчени во овие критични моменти. За овој против уставен акт кон граѓаните, ќе бидат поднесени кривични пријави, ќе поднесеме жалба до Уставиот суд, ќе бидат информирани сите амбасади и ОБСЕ. Ако треба ќе се жалиме и до судот во Стразбур.

Паралелно со правната битка, најавуваме дека протести и инсталации на нужна опрема ќе има на многу места и ништо нема да може да ги спречи, регаираат од Глас за Македонија.

Според паритјата, протести допрва ќе има, и ја потсетуваат  полицијата да „се позанимава со секојдневните пукотници и мафијашки пресметки, а не со мирниот народ кој си ја бара правдата“.