Спортско радио 90.3 фм победи на Турнирот на медиумите – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 6:06 PM

Спортско радио 90.3 фм победи на Турнирот на медиумите

Екипата на Спортското радио 90.3 фм е победник на Турнирот во мал фудбал на медиумите 2018.

Во интересно финале, неизвесно до самиот крај, организаторот на традиционалниот турнир на медиумите славеше со 4:3 и по неколку неуспешни настапи во завршните натпревари изминатите години, конечно, успеа да дојде до првото место.