Осумдесет и двегодишна жена положила возачки испит заради поголема независност – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 5:45 PM

Осумдесет и двегодишна жена положила возачки испит заради поголема независност

Осумдесет и двегодишна жена од Велика Британија „од прва“ положила возачки испит и покрај тоа што во текот на обуката морала да паузира поради операција на колената. Џозефин Шика, која живее во близина на градот Колчестер одлучила да земе часови по возење, бидејќи сакала поголема слобода и независност.

Нејзината инструкторка изјавила дека таа е најстариот „ученик“ и е третирана како сите останати. Имала голема волја и била подготвена да учи, односно да прави се’ како што треба.