Кобајаши како сензационална најава за Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 5:29 PM

Кобајаши како сензационална најава за Новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Младиот јапонски ски скокач ја забележа четвртата победа во сезоната на Светскиот куп. Рјоју Кобајаши триумфираше на големата скокалница во швајцарскиот Енгелберг, односно скокаше 144 (израмнувајќи се со рекордот на Домен Превц на оваа скокалница) и 137 метри, за вкупно 294,4 бодови.

Повторно второпласиран беше Полјакот Пјотр Жила кој во текот на првиот ден од натпреварувањето во саботата го освои истото место зад Германецот Карл Гајгер.

Жила во првата серија скокна 137,5 метри, а во втората 135 метри (285,1 бод), додека на третата позиција се најде актуелниот освојувач на СК, Камил Стох кој имаше резултати 138 и 131 метар за 279,5 бодови. Најдобриот од саботата, Гајгер беше четвртопласиран.

Повеќе прочитајте овде.