Утре, понеделник, 17.12.2018 година, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу симболично ќе ја прогласат Јорганџиска улица во Старата скопска чаршија како “Европска улица” во чест на хуманиот гест на еден од дуќанџиите кон Федерика Могерини. Во оваа пригода,улицата ќе биде целосно украсена со чадори на кои стои назнаката “ЕУ за тебе”.
Објавено на: 12/16/18 5:16 PM


