Украинската црква од Вселенската Патријаршија ќе добие декрет на Бадник – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 5:07 PM

Украинската црква од Вселенската Патријаршија ќе добие декрет на Бадник

Васеленскиот патријарх Вартоломеј планира да го предаде томосот (декрет) за автоќефалноста на нофосонованата Украинска православна црква.

-Патријаршијата го поздравува успехот на Советот на обединување на Украина. Патријархот Вартоломеј ги повика Митрополитот Епифаниј на 6 јануари да му го предаде томосот за автокефалност. Во телефонското интервју Патријархот му го честиташе изборот на Епифаниј“, изјави портпаролот на Вселенскиот патријарх.

Свештениците на канонски призната православна Московската Патријаршија ќе продолжат да богослужат во Украина и во Киев, иако вчера беше прогласена автокефална Украинската Православна Црква, изјави претходно портпаролот на рускиот патријарх Кирил.

“Руската православна црква се моли за сеопфатна консолидација на Украинската Православна Црква (која е во канонски врски со Московската Патријаршија), предводена од Митрополитот Онуфриј”, изјави портпаролот на Патријархот.

Тој предупреди дека по создавањето на автокефалната Украинската Православна Црква во земјата ќе засили поделбата меѓу верниците и да се зголеми бројот на шизматските религиозни групи.