Маж од Крушево и жена од Кочани се двете засега идентификувани жртви во сообраќајката кај Лесковац – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 1:46 PM

Маж од Крушево и жена од Кочани се двете засега идентификувани жртви во сообраќајката кај Лесковац

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се двете идентификувани жртви од македонскиот автобус кој синоќа се преврте кај Лесковац.

Како што информираат од МВР на двете лица идентитетот им бил утврден од личните документи.

Министерството преку амбасадата во Белград е во постојан контакт со надлежните служби во Србија. Од таму претходно информираа дека во сообраќајката е загината уште една жена, но нејзиниот идентитет засега не е утврден.

Потврдено е и дека чтворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш.

Од министерството соопштија дека во несреќата се повредени вкупно 32 патници од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац.

На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обезбедат сместување.

МНР соопшти и дека превртениот автобус кај Лесковац е на превозник од Струга, со регистарски таблици – Euroturs SU 3325 AC.

Преземено од медиумот:
https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%84%D1%83%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B6%D1%80%D1%82%D0%B2%D0%B8/