ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест во Велес – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 10:32 AM

ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест во Велес

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протест во Велес. Маршот почнува во 13 часот и истиот е еден од низата протести кои опозицијата ги организира против владините политики.

Економијата континуирано тоне. Граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа , а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај. Зацрнетата  економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата – велат од партијата.