Искусниот македонски стратег Чедомир Јаневски по неколку месечната пауза ѝ се враќа на фудбалската клупа, откако го презеде тимот на Исмаили од Египет – пренесува порталот Гол.мк.
Поранешниот селектор на Македонија, ја доби довербата од вицешампионот на Египет, клуб со кој потпиша договор на една и пол година. Исмаили оваа сезона го тресе голема резултатска криза, откако по 13 кола убедливо е на последното место, па затоа челните лица на тимот беа приморани да направат тренерска смена и спасот го бараат во 57-годишниот Јаневски.


