Рецепт на денот: Крем супа од брукола – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 1:08 PM

Рецепт на денот: Крем супа од брукола

Со оглед на тоа што надвор е многу ладно, идеален ручек подразбира здрава и вкусна супа, која ќе не загрее и ќе ни даде сила. Денеска вам ви припремивме рецепт за крем супа од брокула, богата со виатамини и целулозни влкна.

СОСТОЈКИ:
500 gr. брокула
праз
две чешниња лук
200 ml. млеко
маслиново масло
прстофат сол и бибер

ПОДГОТОВКА:
Брокулите измијте ги и одвојте ги на мали цветови. Празот исецкајте го на тенки кругови. Во сад загрејте маслиново масло, додајте малку лук и праз, и динстајте околу 5 минути.

Потоа во истиот сад додајте ја брокулата и налијте вода, со што нивото на водата ќе го покрие зеленчукот. Кога водата ќе зоврие додајте сол и бибер. Варете на средна јачина оган додека брокулите не омекнат, околу 25 минути.

Следната фаза е матење со миксер, со цел да добиете густа смеса, додајте го млекото и оставете ја супата уште еднаш да зоврие. Додајте уште малку сол и бибер, или зачин по желба. Супата е веќе подготвена за на трпеза!