Глобалниот долг минатата година достигнал рекордни 184.000 милијарди долари,објави Меѓународниот монетарен фонд.
Оваа сума е за 1,1 % поголема од онаа која што ММФ ја процени во октомври, 182.000 милијарди долари.
Новите бројки од ММФ базата за глобалниот долг зборуваат дека тој во
2017 година бил поголем од тројно поголемиот глобален бруто домашен производ.
Соред глобалниот долг по лице надминува 86.000 долари и е дваипол пати поголем од просечниот доход по жител.
Повеќе од половина од сумата доаѓа од најголемите должници-САД, Кина и Јапонија, чие што учество во глобалниот долг е поголем од учеството во глобалниот БДП.


