Двајца загинати, а осум повредени во сообраќајка откако се преврте автобус во БиХ – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 11:54 AM

Двајца загинати, а осум повредени во сообраќајка откако се преврте автобус во БиХ

Две лица го загубија животот, а осум се повредени, од кои еден потешко, во сообраќајна несреќа која се случи кај местото Вртиќ, кај Невесиње во Босна и Херцеговина кога автобус се преврте на патот.

Несреќата се случила рано изутрина околу 08,00 часот на магистралниот пат помеѓу Невесиње и Гацко. Причините за превртување на автобусот најверојатно се густата магла и лошата видливост, кога автобусот излетал од патот и се превртел.

Според информацијата на полицијата, неколку од повредените се префрлени во болница.