Снег на Попова Шапка и Маврово – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 9:19 AM

Снег на Попова Шапка и Маврово

Изутринва на Попова Шапка  наврнаа 8 сантиметри снег. Снежна покривка има и во Маврово до 3 сантиметри и во Пожаране.

Минимални температури се измерени во Тетово, Пожаране, Крушево и Маврово. Времето изутринава е облачно со слаб до умерен ветер. Во Тетово и Струмица има појава на магла, а во Гевгелија врнежи од дожд.