Одвоеност на сопственоста, управувањето од уредувачката политика, внатрешни кодекси и статути во редакциите, јакнење на саморегулаторните и регулаторните тела, соработка со маркетинг секторот и огласувачите, иницирање на кодекси и правила на однесување кај огласувачите на пазарот на реклами, Медиумска писменост и гласно јавно зборување и посочување на пропагандистите…се дел од активностите поместени во програмата на Наумов за кои ќе се залага доколку утре новинарите му ја дадат довербата да го води Здружението следните четири години.
Приоритет во првите три месеци од мандатот?
– Вообичаено увид и преглед на целосното работење посебно од финансиски аспект. Не знам зошто толку се инсистира на континуитет и некакво сидинастичко однесување на Селмани…И поТитоТито…Здружението е финансиски солидно покриено во изминативе години благодарение на меѓународните донатори..Тоа е добро и треба да се надградува и унапредува, но треба да се постави прашањето на структурата, целите намената и распределбата на бенефитите од проектите по редакциска, регионална, локална и се разбира индивидуална основа..
Приоритетите се нацртани на општествената мапа, одамна.Инсистирање на коренити медиумски реформи. НОБ новинарски обучен центар, солидарен фонд иницирање на формирање фонд за финансирање на истражувачко новинарство, информативна, доументарна продукција…
Законот за Аудио и аудио визуелни медиуски услуги е заглавен во парламентот а со тоа и медиумските реформи?
– Овој закон е веќе демоде и дежа ву. Толку доцни што и не мора да се носи. Треба сеопфатна стратегија, редефинирање и ново позиционирање на медиумската сфера. Почнувајќи од имплементација на новата аудиовизуелна директива до коренити промени на концептот на медиумска сопственост и медиумска концентрација, регистрација на интернетот кој на глобално ниво веќе почна да се саморегулира и регулира преку платформите…Ако во наредните месеци не се донесе законот за АВМУ нека го вратат и нека се вклучи во него и втората и третата реформска фаза кои досега требаше барем да започнат, а уште првата фаза е заглавена во Собранието…
Дали сметате дека пропагандистите треба да се одвојат од новинарите и како ќе ги адресирате проблемите со пропагандата кои го рушат интегритетот на новинарите и новинарската професија?
-Секако. Во соработка со СЕМ и Советот на честа ќе се прави критериумизирање на членството и по овој основ. За новинари кои не го почитуваат кодексот и професионалните стандарди нема место во здружението. Устите на владата, опозицијата или на нечии моќници јасно треба да се знае дека се партиски органи или корпоративни гласила.
Одвоеност на сопственоста, управувањето од уредувачката политика, внатрешни кодекси и статути во редакциите, јакнење на саморегулаторните и регулаторните тела, соработка со маркетинг секторот и огласувачите, иницирање на кодекси и правила на однесување кај огласувачите на пазарот на реклами Медиумска писменост и гласно јавно зборување и посочување на пропагандистите.
Во оваа страшно динамична дигитална ера немаме друга алтернатива..Или ќе се прочистиме и исчистиме самите себе или ќе не снема.Сите да си отвориме профили и порталчиња и во пиџами од дома ќе фалиме и плукаме, зависи кој како ќе ни фрли некоја пара…
Како планирате да ја подобрите состојбата на дописниците и дописничката мрежа?
–Дописиците не заслужуваат такво гетоизирање, и посебен термин на нарекување. Тни се новинари како и сите други дури и потешко е да бидеш новинар на локално ниво каде што секој за кого пишуваш го среќаваш непосредно на улица.
Мотивирање на големите медиуми за продуцирање на локални информации и поврзување, вмрежување соработка со локални и регонални медиуми. Фондови и проекти за збогатување на локалното информирање, транспарентност и контрола на локалните влсти.за подршка на локални медиуми. Мрежи на локални и регионални медиуми. Локални новинарски центри и регионални канцеларии. Обуки за локални и регионлни новинари за самодржливост, поврзување и помош од европски фондови и организаии за развој на локалната самоуправа и децентрализација. Кај јавниот серви МРТВ враќање на скопските општинските хроники…на регионалните и локалните центри со мултимедијален пристап и посебни информативни локални и регионални прозорци.
30 тите избори на ЗНМ ќе се одржат во салата „Борис Трајковски“. Освен претседател, новинарите од своите редови утре ќе избираат и членови на Управен и Надзорен одбор, како и членови на Совет на честа.
Противкандидат на новинарот на Канал 77 Столе Наумов е Младен Чадиковски, главен и одговорен уредник на Телевизија 24 .


