Свети Николе ќе го одбележи својот патрон – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 3:17 PM

Свети Николе ќе го одбележи својот патрон

Свети Николе се подготвува да се го одбележи патрониот празник Свети Никола. Според програмата за одбележување, настаните почнуваат во вторник, со свечената седница во Големата сала на Општината и Вечерна богослужба во црквата Свети Никола.
На празникот, во среда, 19-ти декември одбележувањето почнува со литургија и свечена литија, по што ќе се сече славскиот колач. Одбележувањето завршува со музичка програма на Градскиот плоштад.