Алпска патека помегу ѕидови од снег високи 20 метри – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 1:48 PM

Алпска патека помегу ѕидови од снег високи 20 метри

Алпската патека во планината Татејама на северот на Јапонија е единствена и спектакуларна рута преку Северните Јапонски Алпи, преку која се пристига преку разни транспортни средства, вклучувајќи жичари, тролејбуси.

Поради влагата која ја донесуваат ветриштата од Јапонското море северниот дел од Јапонија е едно од најбогатите подрачја со снег во светот. Еден од трите планински ланци во јапонските Алпи, Хида, бележи и’ до 38. метри снег годишно.

Посетителите можат да уживаат во различните глетки во различни сезони во годината. На пролет, акумулираниот снег, особено околу горните делови на Мидагахара и Муродо, создава величествен снежен коридор чии снежни ѕидови достигнуваат височина до 20 метри. Дел од снежниот коридор околу Муродо е отворен за пешаци обично од средината на април до крајот на јуни.

Делот помеѓу станицата Татејама и Огизава е затворен за приватни возила. Тој е сосема недостапен од декември до средината на април.

Во 2019 година целата патека треба да биде отворена од 15 април до 30 ноември