Дубаи е земја на прекрасни чуда, која може да ве магепса на прв поглед.
За повторно да нè воодушеви и да нè остави без текст, оваа земја е подготвена да ја отвори вратата на највисокиот хотел на светот, со висина од 365 метри.
Хотелот Гевор, како што инаку се нарекува, е најновиот додаток на листата на архитектонските градби во Дубаи. Тој има 75 спрата и 528 соби и се наоѓа во луксузниот трговски центар. Неодамна изградениот хотел, на своите гости им го ветува „најдоброто гостопримство и ексклузивност“, што е очигледно само од неговите димензии, проткаени со луксуз.
Овој хотел е опремен со врвен здравствен клуб на својот 20-ти спрат, додека поседува и главна платформа за уживање и секако, базен. Хотелот има четири ресторани и бар во базенот, од кој се пружа панорамски поглед на околината.
Со својата новоизградена гигантска структура, хотелот го победи „JW Marriott Marquis“, кој е висок 355 метри, за само еден метар и со тоа станал највисокиот хотел на светот.






