21. декември неработен ден – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 12:49 PM

21. декември неработен ден

Денот на настава на турски јазик – 21 декември 2018 година, е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија, согласно со Законот за празниците на РМ.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.