Ирскиот парламент го легализира абортусот – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 11:04 AM

Ирскиот парламент го легализира абортусот

Ирскиот парламент го усвои нацрт-законот со кој се легализира абортусот, седум месеци по историскиот референдум на кој Ирците се изјаснија против негова забрана.Премиерот Лео Варадкар напиша дека ова е историскиот момент за ирските жени.

Ирскиот парламент вчера го усвои законот за абортус за прв пат.

Новото законодавство дозволува абортус до 12 недели од бременоста или во услови кога постои ризик за живот или сериозна штета на здравјето на бремената личност.Нацрт-законот, исто така, ќе овозможи прекини во случаи на фетална абнормалност, што може да доведе до смрт на фетусот.

Ирскиот закон за абортус беше најстрог во Европа и не признаваше исклучоци дури и во случаи на инцест, силување или малформации на фетусот.