Годишното обраќање на претседателот Иванов во Собранието на 28 декември – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 10:12 AM

Годишното обраќање на претседателот Иванов во Собранието на 28 декември

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов своето годишно обраќање во Собранието ќе го има на 28 декември, во 12 часот.

Известувањето за годишното обраќање на шефот на државата веќе е доставено до Собранието на Република Македонија.

Ова ќе биде последно обраќање на Иванов како шеф на државата, бидејќи неговиот мандат истекува на 12 мај наредната година.