Вкупно 16 екипи се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), па сега се поделени во два шешира, каде што посебно ќе бидат првопласираните и второпласираните екипи.
Исто така, при извлекувањето на паровите, не може екипи од иста држава да играат една против друга.
Првиот шешир е составен од Борусија Дортмунд, Барселона, ПСЖ, Порто, Баерн Минхен, Манчестер сити, Реал Мадрид, Јувентус.
Вториот шешир ќе биде составен од Атлетико Мадрид, Тотнем, Ливерпул, Шалке, Ајакс, Лион, Рома, Манчестер јунајтед.


