Груевски се шета во близина на хотелот Риц во Будимпешта – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/18 1:24 PM

Груевски се шета во близина на хотелот Риц во Будимпешта

Дали тоа значи дека Никола Груевски престојува во еден од најскапите хотели? Во близина е и Мериот и хотелот Четири сезони. Дали само шета во близина, да го фати декемвриското сонце во Будимпешта?

Но, пред овие прашања клучно е прашањето за автентичноста на фотографијата што ја објави британскиот весник Гардијан. Врз база на методите на форензичко новинарство, може да се потврди автентичноста на фотографијата.

Поранешниот македонски премиер, сега во бегство, се забележува дека шета во близина на Ретрок продавницата, која се наоѓа на адреса Budapest, Anker köz 2-4, 1061. Во непосредна близина на продавницата е мобилниот штанд на агенцијата која организира разглед на Будимпешта со автобус – Качи се, симни се (Hop off, hop on).

Надворешноста на продавницата е сосема идентична на сликите од Гугл мап, каде се забележуваат истите столбчиња, врата и излог. На фотографијата е и сообраќаен знак,сосема идентичен како и на фотографијата со Груевски. Впрочем, уверете се и сами од фотографиите.