Ѓорчев на средби во Стејт департментот, ИРИ, НДИ и УСАИД – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/18 1:27 PM

Ѓорчев на средби во Стејт департментот, ИРИ, НДИ и УСАИД

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на посетата на Вашингтон се сретна со глобалниот директор на НДИ Дерек Мичел – соопштија од партијата.

На средбата Ѓорчев се заблагодари за досегашната соработка со НДИ и нивната работа со политичките партии во Македонија. Во седиштето на ИРИ Ѓорчев се сретна со директорот за Европа Пол Мекарти и директорот за трансатлантска стратегија Јан Суротчак.

Во седиштето на УСАИД Ѓорчев се сретна со Гречен Биркл, заменик од бирото за Европа и Евроазија. На средбата стана збор долгогодишната помош на УСАИД за Македонија, како дел од односот на САД кон Македонија, Балканот и Европа, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Помошта и програмите на УСАИД имаат корисни и добри ефекти, особено во делот на економскиот развој којшто е клучен за граѓаните на Македонија – истакнал Ѓорчев, кој во Стејт Департментот се сретнал со Џил Дитрих и Џошуа Луис од канцеларијата за Македонија во Стејт Департментот.