Две лица се повредени во сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, што вчера се случи во Кавадарци.
„ Околу 07.30 часот на крстосницата од улиците „Бул.Македонија и „Орце Николов “ во Кавадарци случена е сообаќајна незгода помеѓу патнички автромобил марка „Форд Ескорд“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Б.Н.(53) од Кавадарци и патнички автомобил марка „Рено“ со велешки регистарски броеви управувано од В.Б.И.(24) од Кавадарци. Во незгодата се повредени возачот на автомобилот „Форд Ескорд“ и совозачот В.Н.(53). На истите им е укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
На местото на незгодата увид извршија службени лица од кавадаречката полиција


