Се спојуваат експертизите во државното и во приватното здравство. Децата со најтешки срцеви маани, наместо на Клиниката за детска хирургија, отсега ќе се извршуваат во приватната Клиника „Жан Митрев” – соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој смета дека со инфраструктурата која ја има таа болница ќе има одлични услови за лекување на тие деца.
„Трошокот за овој договор ќе остане ист, услугите кои ги купува Фондот од Детската кардиохирургија, сега ќе ги купува од друго место. Очекуваме за ист трошок да имаме подобри услови за работа на лекарите, за престој на децата и нивните семејства. Ова е модел со кој сакаме докторите да ги задржиме во нашата земја. Додека не биде готов новиот Клиничкиот центар
не можеме да исполниме инфраструктурни услови за нови методи, посебно за тие кои бараат мултидисциплинарен пристап, а тоа значи повеќе специјалности на едно место со цел да се направи нова метода и интервенција. Очекуваме дека со ова дополнително ќе бидат стимулирани докторите и медицинските сестри“, нагласи Филипче.
Трошокот на Фондот ќе остане ист, а Министерството за здравство ќе ја заштеди паричната сума која сега оди кај странските едукатори.
Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев рече дека наместо за некои од тие услуги за лекување да плаќааат на странска здравствена институција, тоа ќе го прават на нашите здравствени здравствени установи.
„Веруваме дека преку овој проект значително ќе ја намалиме бројката на дечиња кои ги праќаме во странство за овој тип интервенција. Фондот во просек обезбедува милион евра на годишно ниво за здравствени услуги за детска кардиохирургија на домашната клиника. Истовремено во просек
испраќаме годишно околу 20 дечиња во странство за кардиоваскуларни интервенции. Во просек една здравствена интервенција чини 15.000 до 20.000 евра. Тоа се дополнителни 300.000 до 400.000 евра во просек кои Фондот ги обезбедува за лекување на децата во последните неколку години. Средствата кои Фондот ќе продолжи да ги обезбедува за овие здравствени
услуги ќе бидат на исто ниво, но условите за работа ќе бидат значително подобри. Тоа е најголемата мотивација бидејќи го реализираме ова јавно-приватно партнерство“, истакна Дончев.
Тој посочи дека кардиохирушките интервенции кои ќе се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да бидат на товар на Фондот како и досега. Со ваквата соработката, доктор Владимир Чадиковски и тимот од Државнта се селат во приватната клиника за да оперираат таму, а децата децата чие лекување веќе започнало во странство, мора да продолжи таму со лекарите кои ја знаат историјата на болеста и третманот.


