Маскирани лица упаднале вчеравечер во кафуле и го изрешетале сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници.
Владо Поповиќ познат под името Влада Поп убиен е вчеравечер во кафуле во Белград а маскираните лица избегале во непознат правец.
Полицијата покрена акција ,,Виор” и е во активна потера по маскираните лица. Во пукотниците е повредено и 23 годишно момче , кое итно било префрлено во болница.
Поповиќ бил сопственик на казиното ,,Хавана” и лани бил уапсен поради изнуда на 110 000 евра. Тој исто така бил близок и до познати припадници на белградското подземје.


