Тетовските средношколци преку протест пред зградата на Општина Тетово го изразија незадоволството од ектремно загадениот воздух. Поставија ултиматум до локалната власт.
Ако не се преземат краткорочни и долгорочни мерки против аерозагадувањето најдоцна за седум дена, тетовските средношколци ќе ја бојкотираат наставата. Вака гласаше ултиматумот кој тетовските средношколци го упатија до локалните власти од денешниот протест.
Велат дека ниту локалните ниту пак централните власти, досега не покажале интерес и одговорност за намалување на аерозагаденоста.
Поради големото аерозагдување, во понеделникот протест одржаа и учениците од тетовските основните училишта.
Зоран Димовски


