Милошоски до Заев: Единствена инвестиција од Фејсбук е вработување на 50 луѓе во Владата да ви ставаат лајкови – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/18 12:15 PM

Милошоски до Заев: Единствена инвестиција од Фејсбук е вработување на 50 луѓе во Владата да ви ставаат лајкови

Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук, му порача на премиерот Заев, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања. Алудирајќи на најавената странска инвестиција од Фејсбук и Гугл во Македонија тој праша до каде е инвестицијата која лани ја најави премиерот.

Заев одговори дека тие компании се посакувана инвестиција за секого како и стотици други компании кои размислуваат, но дека членството во НАТО има влијание врз целиот процес.

Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција, рече Заев.