Македонија остана на 68. место на ФИФА ранг листата – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/18 10:46 AM

Македонија остана на 68. место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација ја задржа досегашната 68. позиција на најновата ранг листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација.

Репрезентацијата одигра два натпревари во месец ноември против репрезентациите на Лихтенштајн и Гибралтар во ,,Лигата на нации” и успеа да забележи две победи, а со тоа и да обезбеди место во разигрувањето за пласман на Европското првенство 2020 година.

Македонија 68.место го задржа со 1343 поени, а на првото место е репрезентацијата на Белгија со 1727 поени, на второто место е репрезентацијата на Франција со 1726 поени додека на третото место е Бразил со 1676 поени.

Извор: derbi.mk