Времето денеска: Облачно,студено со повремени врнежи на дожд – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 7:43 AM

Времето денеска: Облачно,студено со повремени врнежи на дожд

Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од еден до 10 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува северен ветер. Утринската и дневната температура ќе достигнат до шест степени.
Во четврток времето ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.