Утре поради закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје – соопшти денеска МВР.
– Утре од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО”, десно по улицата „Даме Груев”, право по улицата „Васил Главинов”, право по булеварот „ВМРО”, лево по булеварот „Илинден” до пред зградата на Влада – се вели во соопштението.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.


