Четириесет и сумгодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила вчера попладне на автопатот А4 во изградба Миладиновци-Штип, кај надвозникот за село Крушица – соопшти денеска МВР. До незгодата дошло кога скопјанецот, управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки удрил во надвозникот.
По незгодата тој бил пренесен во Ургентен центар -Скопје, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Свети Николе.


