Припадници на косовските специјални единици Росу рано изутринава упаднале во северниот дел на Косовска Митровица и уaпсиле четири лица.
Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ соопшти дека Припадниците на Росу упаднале во становите на сега уапсените, ги удирале со пушки и со нозе, а потоа биле однесени во непознат правец.
Портпретседателот на политичката организација Српска Листа, Игор Симиќ во изјава за РТС посочи дека уапсени се полицајците Драгиша Марковиќ и Саша Чуричиќ, како и Марко Рошиќ и Недељко Спасојевиќ. Според него, денешната акција е дел од истрагата за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ.
„Тензиите се големи. Се собраа голем број граѓани. Ние како политички претставници апелираме да се сочува мирот , да бидеме воздржани бидјеќи не смееме да и’ дадеме повод на другата страна која тоа би го искористила за напад на Север, како што имавме прилика да видиме утринава. Се потврди точноста на информацијата која српскиот претседател Вучиќ ја сподели со јавноста дека Росу спрема некакви напади на Север и нивните единици се мобилизираат.Тоа и се случи“, изјави Симиќ.
Во Косовска Митровица инаку, некаде пред шест часот се огласиле и сирени, кои се слушале речиси еден час. Како што објави РТС, се слушнале и неколку истрели.
Според најновите информации специјалните единици Росу веќе се повлекле од северниот дел на Косово.
Во тек е вонредна седница на Владата на Србија поради упадот на Росу.


