Нивото на стакленички гасови во атмосферата пораснало на нов рекорд во минатата година – соопшти денеска Светската метеоролошка организација, која предупреди дека е пропуштена можноста да се делува против климатските промени.
СМО наведува дека просечната глобална концентрација на јаглерод диоксид во атмосферата во 2017 година е незначително зголемена во споредба со претходната година. Концентрациите на другите гасови, кои создаваат ефект на стаклена градина, како што се метанот и азотниот оксид, исто така, се зголемила.
Според Организацијата, ова е првпат ажурираните бројки за 2017 година да се достапни за јавноста.
Генералниот секретар на СМО, Петтери Талас изјави дека Земјата последен пат имала толку висока концентрација на јаглероден диоксид пред најмалку три милиони години:
„Без намалување на емисиите на стакленички гасови, климатските промени ќе станат растечки и ќе имаат неповратни последици за животот на Земјата“.


