Грабеж од просторија за брз трансфер на пари во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/18 9:04 AM

Грабеж од просторија за брз трансфер на пари во Струмица

Синоќа околу 18:30 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов” засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари.

Тој влегол во просторијата и со секира во рака и се заканил на вработената да му ги предаде парите од касата.

Откако ги зел парите бргу го напиштил местото и се упатил во непознат правец.

Грабежот го потврдија од полицијата и повеќе информаци најавуваат за подоцна.