ФИФА ја тресе нов скандал, уапсен судија поради корупција – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/18 4:00 PM

ФИФА ја тресе нов скандал, уапсен судија поради корупција

Судија од етичката комисија на ФИФА, Сундро Раџо е приведен во Малезија поради сомнение за корупција.

Истрага се води за неговата позиција во Меѓународниот арбитражен центар во Азија, не поради позицијата во ФИФА.

Неговите адвокати соопштија дека Раџо е задржан во полиција затоа што се вратил од Цирих каде бил во седиштето на ФИФА.
Судот одби задржување и притвор поради тоа што тој има дипломатски имунитет и привилегии, наведуваат неговите адвокати.

Сепак Раџо поднесе оставка на својата позиција во Меѓународниот арбитражен центар на Азија.

Во просториите на неговата канцеларија е извршен претрес во понеделникот пред да биде уапсен во вторникот.
Тој е вработен во ФИФА минатата година.

Извор: supersport.mk