Асенсио ја појасни својата контроверзна изјава: Ме вознемирува една работа – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/18 8:09 AM

Асенсио ја појасни својата контроверзна изјава: Ме вознемирува една работа

Марко Асенсио излезе со една доста контроверзна изјава за време на собирот на шпанската фудбалска репрезентација, порачувајќи дека не сака да преземе голема одговорност за лошите резултати кои ги оствари Реал Мадрид на стартот на сезоната под водство на Хулен Лопетеги.

Младата ѕвезда истакна дека други поискусни играчи треба да го водат тимот во такви ситуации, а тоа ги натера шпанските медиуми да се посомневаат во неговите лидерски квалитети, без разлика на тоа што станува збор за исклучително млад и талентиран фудбалер.

Со ваквата изјава, Асенсио навлече негативен публицитет на себе, а сега доби шанса во интервју за мадридска „Марка“ да го појасни своето обраќање, образложувајќи што точно сакал да каже.

– Мислам дека погрешно се сфати она што го кажав. Мислев на тоа дека ги почитувам улогите кои ги имаме во тимот, затоа ги споменав поискусните фудбалери. Секако дека сакам да бидам одговорен за резултатите, не се плашам од тоа. Јас сум амбициозен, сакам да имам притисок и всушност самиот си создавам најголем притисок. Ме вознемирува само една работа, ме вознемирува тоа што одредени луѓе се посомневаа во моите амбиции. Тие се јасни. Сакам да триумфирам во Реал Мадрид и да се претворам во важен играч за овој тим, – појаснува Асенсио за „Марка“.

Извор: derbi.mk