Италијанска медицинска сестра ги убила своите деца, па се самоубила – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/18 3:38 PM

Италијанска медицинска сестра ги убила своите деца, па се самоубила

Медицинска сестра во Италија се самоубила, откако со смртоносна инјекција ги убила своите две деца, момче од седум и девојче од девет години.

Иследниците во северозападното планинско место Ајмавилес, во близина на градот Аоста, претпоставуваат дека 48-годишната мајка составила смртоносна мешавина од лекови, кои ги земала од  болницата во која работела.

Жената оставила порака на која пишувало дека веќе не може да го поднесе „товарот на бедниот живот“.

Конечната причина за смртта на мајката и двете деца ќе биде позната по аутопсијата.  Трите безживотни тела во станот ги пронашол нејзиниот сопруг и татко на децата, кога во четвртокот вечерта се вратил од работа. Градските власти велат дека мажот се уште е во состојба на шок.

Семејството честопати било вклучено во хуманитрани активности, децата биле страсни скијачи, кои настапувале низ целата земја.