Бројот на горили се зголемува, но тие се’ уште се загрозен вид – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/18 3:00 PM

Бројот на горили се зголемува, но тие се’ уште се загрозен вид

Меѓународната унија за заштита на природата со седиште во Швајцарија го смени статусот на планинските горили од „екстремно загрозен вид“ во „загрозен вид“.

– Со оглед на тоа дека цел свет се соочува со исчезнување на животински видови, ова е голем успех во заштитата на природата – вели претседателката на Фондацијата „Дајан Фоси“ Тара Стоински.

Таа Фондација го доби името по специјалистката по зоологија, чиј труд го привлече вниманието на меѓународната јавност на планинските горили и чии мемоари беа основа за филмот од 1988 година „Горили во магла“ со Сигурни Вивер.

Откако планинските горили беа пред истребување, нивниот број полека се
зголемува.